Дигитално печатење на големи формати

Каде и да се свртите, опкружени сте со дигиталниот печат. Било да се наоѓате на улица, во седиштето на некоја компанија, во маркетот или продавницата во која пазарите, па дури и во домовите.

Рекламата е основниот извор на информација за потрошувачот. Преку рекламирањето, потрошувачот осознава за нови производи, промоции, но пред се осознава за брендот на една компанија. Главната предиспозиција за успехот на еден бизнис, покрај главната дејност, е препознатливоста на брендот на истиот. Токму тука влегува на сцена дигиталниот печат.

Солвентно печатење

Принтери: HP XL Jet 1500 5m, Seiko Painter 64s, Seiko Painter 100s

Солвентното печатење се истакнува по големата издржливост на надворешни влијанија. Технологијата е таква што при печатењето бојата продира во материјалот што ја прави идеална за надворешно брендирање во однос на останати технологии за печатење.

Латекс печатење

Принтери: HP Designjet L65500

Таканаречената еко-технологија на печатење, латексот се базира на водени бои и строго се препорачува за прехранбената индустрија. Предноста на водените бои, покрај што се еко прифатливи, е тоа што принтот потешко се уништува при гребење. Погодна е за внатрешно, како и за надворешно брендирање.

УВ печатење

Принтери: HP FB950

Замислете на вратите или прозорците во вашата компанија или дом да биде испечатена некоја фигура или слика. Или пак на ѕидот да закачите врамена слика на која е испечатена фотографија од вашиот омилен град или пејзаж. УВ печатењето го овозможува сето ова и многу повеќе, всушност се што би можеле да замислите.

Овој вид на печатење е еден од најсовремените технологии на печатење со помош на бои од течен полимер кој се зацврствуваат под УВ зрачење. Инстантното сушење на боите овозможува оваа технологија да се користи за директно печатење на секаков вид на материјали како различни видови на хартија, самолепливи фолии и платна (вклучувајќи текстилно платно за добивање на извонредни фотографии и репродукции веродостојни на оригиналите) и сите видови ригидни материјали почнувајќи од форекс, пенокартон, па се до дрва, стакла, плексиглас, алуминиум, плочки и така натаму. Квалитетот на печатот е врвен и пред се препорачлив за внатрешно брендирање со долгогодишна издржливост.