За нас

Мај Принт e компанија за дигитално печатење и графички дизајн. Oфицијалниот почеток со работа е во 2005 година, кратко по основањето на крајот на 2004 година. Уште од самиот почеток претставува една од водечките компании во Република Македонија во својата област.

Почетокот е обележан со HP Scitex Grand Jet S3+, принтер со максимална широчина на печатење – 3.2м своевремено најголем во Република Македонија. Со текот на времето, паралелно со порастот на клиентите и довербата, се зголемува и машинскиот парк на компанијата. Во 2006 година е набавен Seiko Painter 64S (максимална широчина на печатење 1.6м), додека во 2008 година машинскиот парк е засилен со два новитети: HP Scitex XL Jet Premium 1500 со максимална широчина на печатење – 5м  кој повторно претставува принтер со најголема димензија на пазарот во Република Македонија во тоа време, како и  Seiko Painter 100S (максимална широчина на печатење 2.5м). Мај Принт располага и со:

–          оптички катер Jaguar IV со оптичка глава,

–          Xantè Ilumina (висококвалитетен ласерски печатач со восочни бои со максимален формат на печатење А3+),

–          OKI C5800 (висококвалитетен А4 ласерски печатач во боја),

–          Triad Sinclair (машина за меѓусебно спојување и порабување на материјали),

–          Excelam 1400 (машина за заштита и ламинација на печатен материјал).

Како најнов додаток во машинскиот парк, Мај Принт со гордост во октомври 2013 го воведе HP Scitex FB950, принтер кој со технологија на база на УВ зрачење печати директно на секаков вид ригиден материјал (пр. стакло, плексиглас, дрво, плочка итн.)

Денеска, Мај Принт, меѓу другото има испечатено над 1.000.000м2 материјал билборди, ситилајти, пвц платна и меш за фасади, како и брендирано над 1000 возила. Клиентите можат да сметаат на високо специјализирани работници во својата област кои ветуваат навремено исполнување на задачите придружено со  висок квалитет на услугите. Идејата на клиентот Мај Принт ја отсварува преку целосен графички сервис, т.е.  графички дизајн, печатење и апликација, односно  завршна обработка. Мај Принт нуди и изнајмување на рекламен простор на фасади и билборди.

Мај Принт се стреми кон исполнување на секоја желба на клиентите и поради ова како нејзина клучна одлика покрај професионалноста е и персонализацијата.

Затоа, она што му е потребно на клиентот е идеја, фантазија. Потоа се што треба да направи е да стапи во контакт со Мај Принт, каде визуелните фантазии стануваат реалност.

Опшествена одговорност

Мај Принт има учествувано во делумно или целосно спонзорство на:

–          НВО Самосвест Проект Дојди Подари радост

–          Иднина –здружение на деца без родители

–          Сеат Опен – тениски турнир организиран од Ка-Дис