Сечење по контури

Реклама исечена по контури се истакнува сама по себе и и дава една поинаква димензија на промоцијата. Овде само фантазијата ви стои на патот: можете да изберете од самолепливи форми за излози или подни налепници во форма на стапалки како патоказ до Вашата продавница, па се до 2Д самостоечки човечки статуетки од тврд материјал за промоции и настани, се со цел што подобро претставување на Вашиот бренд.