Доработки
Ламинирање
Ламинација е процес на аплицирање на најчесто проѕирна фолија на мека или тврда површина со цел заштита на сликата од гребнатини, вода, УВ зраци и други надворешни влијанија. Се користат различни видови ламинати согласно намената на материјалот. На пример, при брендирање на возила, неизбежна е ламинација пред самолепливата фолија да се аплицира на возилото.
Доработки на платна – џепови, пораби, алки и лепење
Мај Принт врши секаков вид на доработки на платна во зависност од намената на истите. Како најкористени се:
Џепови, кои се изработуваат за платна наменети за мегалајти и други објекти од таков тип.
Алки и пораби, корисни за надворешно позиционирање на банери за поголема издржливост и полесна монтажа на истите.
Лепење на платна, потребно при составување на банери од енормни димензии за добивање на една целина од неколку печатени делови.