Ние сме Мај Принт од Скопје, компанија специјализирана за дигитално печатење на големи и мали формати и графички дизајн. Со гордост го носиме нашиот слоган „Посветени на совршенство“, кој веќе 20 години го одразува нашиот стремеж за врвен квалитет и лидерство во индустријата.
Постојано се грижиме за нашите клиенти, нудејќи персонализиран пристап и висококвалитетни решенија за секоја потреба. Ги унапредуваме нашите технологии, ги следиме најновите трендови и постојано го прошируваме нашиот асортиман на услуги и производи за да одговориме на потребите на пазарот.
Довербата што ја уживаме од врвни компании во земјата е резултат на нашата долгогодишна посветеност и напорна работа. Доколку нашиот успех го измериме со бројки, можеме со гордост да кажеме дека имаме брендирано над 2500 возила и испечатено над 1 милион m² материјали, вклучувајќи го и најголемото печатено платно во Македонија со површина од 1100 м², за што го освоивме второто место на Fespa Digital Awards.
Со квалитет, иновација и посветеност, остануваме вашиот избор број еден за врвни решенија во областа на дигиталното печатење и дизајн.